Top Sport

Марселино нема да биде новиот тренер на Милан

Поразот во градското дерби од Интер (4:2) повторно ги подгреа шпекулациите дека Стефано Пиоли ќе добие отказ од Милан. На таа тема денес пишува „Мундо Депортиво“. Овој шпански медиуми тврди дека новиот тренер на Милан ќе биде Марселино Торал.

Експресно овие тврдења на „Мундо Депортиво“ ги дематираше менаџерот на поранешниот тренер на Вилјареал и Валенсија.

„Марселино наредната сезона ќе тренира голем европски клуб. Милан, поради својата славна историја е голем клуб, но јас демантирам дека сме имале преговори со нив. Марселино никогаш не го запознал Паоло Малдини и до денес не добил никаква понуда. Значи информациите не се точки“, изјавил менаџерот Еугенио Ботас за „Скај Спорт Италија“.

54 годишниот Мрселино е без ангажман откако на почетокот на сезоната доби отказ во Валенсија. Со екипата од „Месталја“ тој минатата сезона го освои трофејот во Купот на Кралот.

Scroll to Top