Top Sport

Марсело би можел да се пресели во Лацио

Фудбалскиот клуб Лацио започна преговори со Марсело, пренесува „Газета дело Спорт“.
Бразилецот е слободен играч откако ова лето се раздели со Реал Мадрид.

Марсело се надеваше дека ќе ја заврши кариерата во кралскиот клуб, но челниците на клубот не сакаа да ја продолжат соработката со него, па тој стана слободен играч.

Бразилецот преговара со други клубови, а преку својот агент стапил во контакт со Лацио кој му понудил плата од 2.500.000 евра по сезона и тригодишен договор.

Дефанзивецот е многу заинтересиран за понудата, но Лацио поради неговата возраст инсистира да направи дополнителни, посебни лекарски прегледи за да се утврди неговата моментална форма, со оглед на тоа што минатата сезона одигра само 12 натпревари за Реал.

По овие прегледи, ќе биде донесена конечна одлука.

Scroll to Top