Top Sport

О’Саливен во војна поради сини патики

Најпознатиот снукер играч, Рони О’Саливен се закани дека ќе се повлече од Англискиот опен бидејќи организаторите на турнирот не му дозволуваат да игра со патики наместо со класични чевли.

О’Саливен го помина првото коло против Жанг Анда со 4:1, но со патики на нозете, поради повреда на скочниот зглоб добиена при џогинг. На организаторите тоа не им се допаднало и побарале од него да носи чевли, нешто што го налути популарниот „Рокит“.

„Ако не носам црни чевли не можам да играм. По сè изгледа ќе морам да се повлечам бидејќи некој не е среќен со моите чевли“, напиша О’Саливен.

Не сите го подржуваат Англичанецот. Поранешниот светски шампион во снукер, Марк Вилијамс на Твитер се запраша колку други играчи би добиле таква дозвола, и му порача следниот меч да носи „влечки за по дома“.

Scroll to Top