Top Sport

Марсело го пропушта „Ел Класико“

Фудбалерот на Реал Мадрид Марсело ќе го пропушти дербито со Барселона објавија шпанските медиуми.

Бразилецот не игра од 6 ноември кога се повреди во победата на Реал над Галатасарај (6:0) во Лигата на шампионите. Марсело започнал со тренинзите, но се уште работел под посебен режим.

Добра вест за тренерот Зинедин Зидан е што ќе може да смета на вториот лев бек, Ферлан Менди, кој не играше во неделата против Валенсија (1:1).

Натпреварот Барселона-Реал ќе се одигра утре од 20 часот на „Ноу Камп“.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');