Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело, најверојатно ќе го пропушти градското дерби со Атлетико поради повредата на листот, на левата нога.
Бразилецот, синоќа против Севилја се повреди во 73.минута, а неколку минути подоцна излезе од теренот. Реал последните 15 минути ги одигра со фудбалер помалку, бидејќи пред повредата на Марселона, тренерот Хулен Лопетеги и изврши сите замени.
Во текот на денот ќе бидет извршени дополнителни прегледи врз Марсело. Шпанските медиуми пренесуваат дека шансите 30-годишниот лев бек да настапи против Атлеитко се еднакви на нула.
Повредата на Марсело е дополнителен проблем за Лопетеги, кој тимот ќе го составува без Иско (операција на слепото црево), додека неизвесен е и настапот на Дани Карвахл, кој не играше на последните две среди (Еспањол и Севилја).