Top Sport

Марсело не сака да се сели: Мадрид е мојот дом

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело вели дека се чувствува „како дома“ во клубот и сака да остане и покрај шпекулациите дека ќе најде нов клуб.

Во тешката сезона за Реал, во која имаат веќе три тренери, Марсело добиваше и многу индивидуални критики, откако за него немаше место во тимот на претходникот на Зинедин Зидан, Сантијаго Солари поради падот на формата. Шпекулациите за трансфер беа најголеми пред враќањето на Зидан, кој пак изјави дека сака да го заддржи Бразилецот и покрај интересот на Јувентус.

„Сите знаат колку сум среќен тука и го покажувам тоа секој ден со тренинзите или со натпреварите, носејќи го овој дрес. Има некои работи кои се зборуваат, но јас не сум ги кажал. Мадрид е мојот дом и тоа е вистината“, вели Марсело.

Scroll to Top