Top Sport

Клоп ќе го гледа дербито на Манчестер: Ако нема нешто друго интересно…

Надежите на Ливерпул за освојување на титула во моментов не зависат само од нив самите, туку иронично од најголемиот ривал, Манчестер јунајтед, кој денеска доживеа катастрофален 4:0 пораз од Евертон.

Јунајтед во среда го пречекуваат актуелниот шампион Манчестер сити во градското дерби, и голем број на навивачите на Ливерпул се надеваат дека Сити тука ќе загуби поени со кои ќе дозволи „црвените“ да триумфираат.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, признава дека ќе „фрли око“ на натпреварот.

„Мислам дека ќе го гледам, ако нема нешто друго што треба да работам. Ние немаме влијание. Во моментов изгледа дека Манчестер јунајтед не можат… Колку загубија? 3:0, 4:0? Ќе видиме. Сити ќе се подготвени, а ќе видиме дали Јунајтед се подготвени. Тоа е нормален натпревар, меч кој треба да се одигра – ние игравме таму и имаше реми“, вели Клоп.

Scroll to Top