Top Sport

Марсело потврди дека заминува од Реал Мадрид со неверојатни 25 трофеи

Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело по триумфот на „кралевите“ во финалето на Лигата на шампионите потврди дека си заминува од клубот, како фубалер со најмногу титули во дресот на „кралевите“, неверојатни 25 трофеи.

Тој почека да ја прослави титулата со своите соиграчи, по што потврди дека си заминува.

„Чувствувам голема радост и емоции. Тешко ми е да зборувам кога ги гледам семејството и моите соиграчи. Оваа сезона целосно ја заслужувавме. Ја освоив титулата од Лигата на шампионите пет пати, нешто што е тешко да се објасни. Ова е момент за младите момци кои го играа првото финале, а покажаа голема зрелост“, изјави Марсело.

Марсело покрај петте титули од ЛШ освои и четири трофеи од Светскиот клупски шампионат, три Европски суперкупови, шест трофеи од Ла лига, два од Копа дел реј и пет од Шпанскиот суперкуп.

Scroll to Top