Top Sport

Марсело прати порака преку неговата сопруга

Кларис Алвеш, сопругата на дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело преку Инстаграм со порака на „лајф коучот“ Марк Черноф одговори на критиките кои ги добива нејзиниот сопруг по елиминацијата на Реал Мадрид од Ајакс.

„Кога некој те третира како да си само една од неговите опции, помогни му да го намали изборот со тоа што ќе излезете од таа равенка. Понекогаш треба да се обидете да не ви е грижа, без разлика колку ви е. Не се работи за гордост, туку за само-почит“, се вели во изјавата која ја цитираше Алвеш со локација „Сантијаго Бернабеу“.

Се верува дека ова е директна порака на сите критичари на Марсело, еден од најдобрите дефанзивни фудбалери на денешницата, кој за жал, оваа година игра во потпросечна форма по шпекулациите дека сака да му се приклучи на својот добар пријател Кристијано Роналдо во Јуве.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Actress (@claricealves) on

Scroll to Top