Top Sport

Eнди Мареј ќе се обиде да направи чудесен кам-бек

Иако претходно најави дека пензијата е негова најверојатна опција, поранешниот светски број 1 Енди Мареј открива дека по „обновувањето“ на колкот пред пет недели болката воопшто ја нема и најави дека ќе се обиде да направи чудесен кам-бек на тенисот.

Во јануари, Мареј призна дека проблемите со колкот и операциите потенцијално значат пензионирање, најавувајќи дека ќе игра на Австралија опен и Вимблдон и ќе замине во пензија. Тој немаше среќа кога го доби 22. носител, Роберто Баутиста Агут во првото коло и успеа да се врати од два сета негатива, пред да загуби во петтиот.

Но, оттогаш Мареј повторно беше на операција на колкот пред пет недели и на промоција во Вимблдон, 31-годишниот Шкот беше неверојатно оптимистички расположен.

„Сакам да продолжам да играм тенис. Го кажав тоа и во Австралија. Проблемот е во тоа што не знам дали тоа ќе биде можно. Но, сега сум најсреќен во последните 12 месеци од операцијата, бидејќи немам веќе болки откако живеев со нив долго време. Рехабилитацијата е спора, но добра. Морам да видам како ќе се одвиваат работите, но сигурно повторно би сакал да се натпреварувам. Дали ќе бидам во топ 10 повторно? Тоа најверојатно не е достижно, но би можел да бидам во топ 50 или топ 100. Не чувствувам притисок дека морам да се вратам, но навистина би го сакал тоа“, вели Мареј.

Scroll to Top