Марсело признава дека Реал Мадрид го загубиле „најдобриот фудбалер на светот“ во Кристијано Роналдо, но инсистира дека ниту еден човек не е поголем од „кралскиот клуб“.
Роналдо и Марсело имаа одлично пријателство во Мадрид, освојувајќи две титули од Ла лига и четири од Лигата на шампионите, пред ЦР7 ова лето да замине во Јувентус. Нивното пријателство ги зголеми шпекулацииите дека е можно Бразилецот да му се приклучи во Торино.
„Да се освојат четири титули во пет години мене ми изгледа нормално, но навистина не е. Има големи клубови кои имаат ’само’ една или две, или ниту една ваква титула. Заборавивме колку е тешко да се победи во ЛШ. Кристијано ми е поранешен соиграч, но и пријател. Јасно е дека кога најдобриот фудбалер на светот веќе не е во тимот ќе имате мали проблеми. Но, на крајот, Мадрид ќе биде Мадрид и повторно ќе биде силен. Јас постојано работам на тоа да останам во клубот. Фудбалерите доаѓаат и си одат, но Мадрид ќе биде Мадрид“, објаснува Марсело.