Top Sport

Жиру: Ми остана само уште еден неостварен сон како фудбалер

Оливие Жиру вели дека му останал само уште еден конечен сон како фудбалер по кревањето на светската титула со Франција – да се освои титулата од Премиер лигата со Челси.

Францускиот репрезентативец уште се нема закитено со трофејот од ПЛ во Англија, откако освои три титули од ФА купот – две со Арсенал и една со Челси. Тимот на 32-годишниот Жиру во моментов заостанува осум поени зад лидерите Ливерпул, но минатиот викенд успеаја да ја прекинат победничката серија на Манчестер сити и Жиру верува во успех.

„Повеќе сакам да бидам во голем клуб отколку да играм секоја недела во некој помалку престижен клуб. Уште имам цели. Последниот сон ми е да ја освојам Премиер лигата, дури повеќе од Лигата на шампионите бидејќи знам колку е тешко да си на врвот во Англија. Имам соиграчи кои веќе биле шампиони и признавам, малку сум љубоморен. Не не отпишувајте, ниту Челси, ниту мојот сон“, изјави Жиру.

Фото: ЕПА

Scroll to Top