Легендарниот Бразилец, поранешен капитен на Реал Мадрид, Марсело (36), замина во пензија. Во кариерата одигра 721 натпревар,постигна 58 гола, забележа 117 асистенции. Се пензионира како еден од најтрофејните фудбалери во историјата на Реал и со статуст на еден од најдобрите леви бекови во историјата на фудбалот.
Бразилскиот клуб Флуминенсе му го раскина договорот на почетокот на ноември минатата година по инцидентот што се случи неколку дена претходно на мечот со Гремио (2:2).
Имено, тренерот на Флуминенсе Мано Менезес го подготви Марсело да влезе во игра, а потоа во последен момент ја повлече таа одлука и го врати на клупата.
Како што може да се види на видеото, Менезес нешто му објаснува на Марсело, а потоа му се налути и ја откажал замената. Според една верзија на настаните, Марсело му рекол на Менезес да не го „допира“, додека друга верзија на настаните вели дека Марсело одбил да исполни одредени тактички замисли на Менезес. Поради тоа клубот презеде драстични мерки.
Fluminense manager Mano Menezes was ready to sub on Marcelo last night and was in the middle of giving him instructions, when Marcelo told him not to touch him.
So the manager pushed him back on the bench and didn't sub him on anymore. 🤯😂pic.twitter.com/LKqx7yJnt1
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) November 2, 2024
Последниот натпревар го одигра на 26.новември минатата година. Тој одигра 16 минути на пријателскиот натпревар на Флуминенсе против Виторија.
Откако во 2005 година дебитираше за Флуминенсе и постигна гол на тој натпревар, набрзо на 18 годишна возраст потпиша договор со Реал Мадрид. Во клубот остана до 2022 година и со него шест пати ја освои Ла Лига и пет пати Лигата на шампионите, а вкупно со освои 25 трофеи. За Реал одигра 546 натпревари.
Победникот на Купот на конфедерациите во 2013 година со Бразил во кариерата одигра и 10 натпревари за Олимпијакос.