Top Sport

Марсијал и 50.000.000 евра за Лаутаро Мартинез

Манчестер јунајтед се подготвува за реконструкција, откако тимот одигра катастрофална сезона, во која не осовои ниту еден трофеј и речиси е сигурно дека нема да избори пласман во Лигата на шампионите.

Англиските медиуми, пишуваат дека новиот тренер Ерик тен Хаг веќе ја составил листата на потенцијални засилувања.

Дејли Мејл пишува дека Холанќанецот прво ќе разговара со сите играчи како група, потоа поединечно и потоа во соработка со Ралф Рангник ќе донесе одлука кој ќе остане во клубот, а кој ќе си оди.

Сепак, истиот медиум тврди дека овој третман ќе го добијат сите играчи освен петмина. Тие се веќе отпишани.

Станува збор за Арон Ван-Бисака, Алекс Телес, Ерик Бејли, Фил Џонс и Ентони Марсијал, кој повеќе е на позајмица во Севиља.

Марсијал е дел и од пакетот, со кој Манчестер јунајтед ќе се обиде од Интер го донесе на „Олд Трафорд“, Лаутаро Мартинез.

„Скај Спортс“, пишува дека за трансферот на Аргентинецот го понудиле Марсијал и 50.000.000 евра.

Scroll to Top