Ромелу Лукаку е продаден во Интер за 80 милиони евра, па „деветката“ на Манчестер Јунајтед остана без сопственик. Сепак, не за долго.
Во наредната сезона со бројот 9 на грбот ќе настапува францускиот напаѓач, Антони Марсијал. Екс играчот на Лион и
Монако во клубот дојде по барање на Луј ван Гал пред 4 години, а за него „ѓаволите“ одвоија 50 милиони евра.
Се испостави дека „стариот лисец“ Ван Гал не погреши, Марсијал израсна во одличен напаѓач, па тој и Рашфорд ќе бидат единствените вистински напаѓачи во Јунајтед.
Неговиот доскорешен број „11“ за сега е без сопственик, барем до јануари идната година.
#AM9 ?@AnthonyMartial #MUFC pic.twitter.com/df3xEuyMXS
— Manchester United (@ManUtd) August 9, 2019