Top Sport

Седмицата на Роналдо во Реал отсега ќе ја носи Азар (фото)

Реал Мадрид ги претстави броевите на своите играчи во новата сезона, а конечно стана познато кој број на грбот ќе му припадне на најголемото засилување на клубот во летниот преоден рок, Белгиецот Еден Азар.

Азар ќе го носи бројот 7. Тоа е голема одговорност за него затоа што овој број беше препознатлив знак за Португалецот, Кристијано Роналдо, кој минатото лето си замина од мадридскиот клуб.

Роналдо е најдобриот стрелец во историјата на Реал Мадрид со 450 гола на 438 меча.

Азар во Реал стигна од Челси за 100 милиони евра.

Scroll to Top