Top Sport

Кливленд го отпуштија шампионскиот тренер Лу

Управата на Кливленд кавалирс решија да го отпуштат тренерот Тајрон Лу по катастрофалниот старт на сезоната во кој во шест натпревари загубија шест пати.

Лу беше именуван за тренер на Кавс во 2015 година, за следната година да ги предводи до шампионската титула во НБА со „повратникот“ Леброн Џејмс на теренот. Сега, без „кралот“, Кавс играат очајно и сопственикот Ден Џилберт реши дека ситуацијата не е одржлива.

Негов привремен заменик ќе биде Лери Дру, поранешниот кошаркар на Детроит, Сакраменто и двата клуба од Лос Анџелес. Како тренер, Дру работеше со Атланта и Милвоки.

Фото: ЕПА

Scroll to Top