Ентони Марсијал (23) ќе остане во Манчестер Јунајтед. Напаѓачот до крајот на неделата ќе потпише нов петгодишен договор до „црвените ѓаволи“.
Повремениот француски репрезентативец е член на Манчестер Јунајтед од 2015 година, во ерата на Луј Ван Гал. Клубот за неговиот трансфер на Монако му плати 60 милиони евра.
Изминатите месеци тој размислуваше дали да го продолжи договорот, кога сериозен интерес за него покажуваа Јувентус и Севилја.
Заминувањето на Жозе Мурињо влијаело врз неговата одлука да остане на „Олд Трафорд“. Според новиот договор Марсијал ќе биде играч на Манчестер Јунајтед до 2024 година.
Сезонава, Марсијал има одиграно 25 натпревари на кои постигнал 10 гола, а во кариерата за Јунајтед настапил на 161 натпревар, на кои постигнал 46 гол.