Дефанзивецот на Лацио, Мартин Касерес ќе стане фудбалер на Јувентус по третпат во својата кариера откако се согласил за враќање кај „бјанконерите“ за само 600.000 евра, јавува „Скај спорт Италија“.
Касерес ќе потпише договор до крајот на сезоната како поддршка на одбраната на тимот. 31-годишниот Уругваец играше за Јувентус во текот на сезоната 2009/10, пред да се врати две години подоцна и да освои четири титули со клубот од Торино.
Меѓутоа, низата повреди и конкуренцијата во одбраната го спречија Касерес да остане во првиот тим, по што тој играше за Саутемптон, Верона и Лацио. Покрај искуството, Јуве биле привлечени од цената, бидејќи неговиот договор завршува ова лето. Овој трансфер доаѓа по шпекулациите дека Мехди Бенатија ќе потпише договор со катарскиот клуб Ал-Духаил.