Габриел Мартинели планира да остане уште долго во тимот на Арсенал. Бразилецот е еден од најдобрите играчи на лидерот во Премиер лигата.
Во 2020 година, Мартинели потпиша договор кој трае до летото 2024 година, а Арсенал има опција да го продолжи за една година.
Сепак, по победата од 3:2 над Ливерпул, Мартинели посочи дека и сака долго да остане на „Емирати“.
„Секако дека сакам да останам. Разговараме за тоа. Да видиме што ќе се случи. Што се однесува до мене, би сакал да останам“, им рече тој на новинарите.
Бразилецот учествуваше во десет гола на последните 14 натпревари на Арсенал, Против Ливерпул постигна гол по само 58 секунди.
„Имаме уште многу простор за напредок. Среќен сум што имам можност да играм со Сака и Жесус во нападот. Арсенал е голем клуб и имаме многу добри играчи“, заклучи Мартинели.
Арсенал во четврток игра против Бодо Глимт во Лига Европа.