Шпанскиот тренер Роберто Мартинез ќе потпише нов договор со Фудбалскиот сојуз на Белгија. На функцијата Мартинез ќе остане до завршувањето на Светското првенство во Катар.
Актуелниот договор на шпанскиот тренер истекува наредното лето, меѓутоа на взаемно задоволство, била договорена нова две годишна соработка.
Мартинез е селектор на Белгија од 2016 година. На Сп во Русија Белгија го освои третото место, а квалификациите за ЕП оваа репрезентација ги заврши со максимални десет победи и гол разлика 40:3.
Во досегашната кариера 46 годишниот тренер работел во Свонси, Виган и Евертон.