Поранешниот голман на Арсенал, Емилијано Мартинез дебитираше за Астон вила со одбранет пенал за да помогне неговиот нов тим да ја стартува Премиер лигата со 1:0 победа над Шефилд јунајтед.
Гостите на „Вила парк“ останаа со играч помалку во 12. минута, кога капитенот Џон Иган доби црвен картон за фаул, но Шефилд јунајтед први дојдоа во шанса за гол кога во 34. минута беше досуден пенал. Ударот на Џон Ландстрам, сепак, заврши во рацете на аргентинскиот голман, кој исто така беше херој на Арсенал во освојувањето на ФА купот минатата сезона.
Единствениот гол на мечот падна во 63. минута, кога Езри Конса упати интересен удар со глава кој заврши во мрежата на Шефилд, едно од најпријатните изненадувања минатата сезона, кои сега стартуваат со два порази во два меча.