Белгискиот селектор, Роберто Мартинез го испофали својот „воин“ Маруан Фелаини, велејќи дека е жално што фудбалерот на Манчестер јунајтед не го ценат повеќе.
Фелаини одигра два добри натпревари на Мундијалот за Белгија, и го продолжи договорот со Манчесер јунајтед, и Мартинез вели дека таков фудбалер би посакал секој тренер. Белгија утре игра во четврт-финалето со Бразил и има шанси да биде стартер откако го постигна клучниот гол за 3:2 победата над Јапонија.
„Мислам дека тој е фудбалер со кого мора да почнете да работите за да знаете што точно носи за тимот. Неговите технички квалитети се потценети и мислам дека се работи за фудбалер со неверојатна техничка контрола на топката“, вели Мартинез.
Фелаини дојде во Манчестер јунајтед откако Сер Алекс Фергусон за мина во летото 2013 година и беше миленик на сите тројца менаџери на тимот оттогаш – Дејвид Мојс, Луис ван Гал и Жозе Мурињо. Фелаини има 18 гола во 85 настапи за Белгија.
„Се работи за човек кој е роден да се натпреварува. Вистински победник. Мислам дека преку фудбалот покажува каков треба да си во животот. Неговата интерпретација на животот е начинот на кој ја води фудбалската игра“, изјави Мартинез.
Фото: ЕПА