Аргентинскиот фудбалер Лисандро Мартинез потпиша петгодишен договор со Манчестер jунајтед со можност за продолжување на соработката на уште една сезона.
„Скај спорт“ наведува дека Манчестер Јунајтед за аргентинскиот фудбалер на Ајакс му платил отштета од 57,37 милиони евра, а преку бонуси англискиот клуб би можел да издвои уште 10 милиони евра.
„Чест е да се дојде во овој голем клуб. Работев напорно за овој момент и сега сум тука. Имав среќа да бидам дел од успешни тимови во текот на мојата кариера, и сакам да го продолжам тоа во Манчестер јунајтед. Имаме многу работа за да стигнеме дотаму. Цврсто верувам дека со овој тренер, стручниот штаб и моите нови соиграчи ќе го направиме тоа“, изјави 24-годишниот Мартинез.
Аргентинскиот фудбалер работеше во Ајакс со новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг.
Во Ајакс помина три години, а за клубот од Амстердам одигра 120 натпревари и постигна шест гола.
? Feel the fire.
? @LisandrMartinez is ready to bring the heat to United.#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) July 27, 2022