Top Sport

Мартинез: Во вториот дел со мислите бевме во финалето

Белгија не успеа да се пласира во финалето, во Лигата на нации. Белгијците против Франција, испуштија предност од 2:0 по првото полувреме. Французите на крајот славеа победа 3:2, со голот на Тео Ернандез постигнат во 90.минута.

„Првото полувреме беше фантастично. Игравме со многу самодоверба. Во второто не беше добро, премногу со мислите бевме во финалето. Мислевме дека веќе се пласиравме таму. Дозволивме Франција да се врати во мечот и да не победи“, изјави селекторот на Белгија, Роберто Мартинез.

„Ужасно е кога ќе загубиш на ваков начин. Тешко може да се прифати ваков пораз. Сепак мораме да се насочиме кон натпреварот за третото место, против Италија и на наредните квалификациски натпревари. До Катар има уште 13 месеци, секој натпревар е шанса да се подобриме“.

Белгија против Италија ќе игра во недела, во Торино од 15 часот.

Scroll to Top