Роберто Мартинез повеќе не е селектор на Португалија, нешто што беше познато и пред елиминацијата од Светското првенство, а негова замена ќе биде, искусниот стратег, Жорж Жезус.
Трофејниот тренер го прифати најголемиот предизвик во својата кариера на 71-годишна возраст.
Жорж Жезус го заврши својот договор со Ал Наср, во кој пристигна минатото лето со главна и единствена цел да ја освои титулата за Кристијано Роналдо.
Жержус работи во Арабија од 2022 година кога пристигна во Ал Хилал, со кого ја освои титулата, Купот на кралот и два Суперкупа.
Тој освојуваше трофеи со сите свои клубови, а историја испиша прво со Бенфика, која ја водеше од 2009 до 2015 година, а во тој период освои три титули, пет Лига купови и Суперкупот.
Подоцна, стана „предавник“, бидејќи го презеде Спортинг, на чија клупа остана три години, до 2018 година. Со Спортинг, успеа да ја освои титулата во последната сезона, а подоцна успешно го водеше бразилскиот Фламенго, каде што испиша историја. Освои дури пет трофеи, од кои најважни се Копа Либертадорес и бразилската Серија А.
Во меѓувреме, тој го водеше и Фенербахче, во една сезона 2022/23 го освои Купот, па нема сомнение дека на клупата на Португалија доаѓа искусен тренер, со голем авторитет, кој знае како да освојува трофеи.
Жесус ќе добие шанса да ги предводи Португалците во два циклуса, на ЕУРО 2028 и на Светското првенство во 2030 година, каде што Португалија ќе биде еден од домаќините заедно со Шпанија и Мароко.
Foto/ Depositphotos
