Македонија, во недела, ќе го пречека Исланд во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Победа на Македонија ќе и обезбеди место во баражот за пласман на Мундијалот.
Натпреварот, Македонија-Исланд ќе започне во 18 часот. Главен судија ќе биде искусниот Италијанец, Давиде Маса. На Маса ќе му помагаат сонародниците, Даниеле Биндони и Стефано Аласио. Четврти судија ќе биде Симоне Соза.
Во ВАР собата ќе седат судии од Швајцарија. Главен судија ќе биде Сандро Шерер, а ќе му помага Федај Сан.