Вкупно 736 фудбалери од 32 земји се дел од 21.Светско првенство што ќе започне в четврток, во Москва, со натпреварот помеѓу Русија и Саудиска Арабија.
Светското првенство не е само смотра на најдобрите фудбалски репрезентации во светот, туку е и вистински фестивал на различни нации, култури, јазици…
Различностите на нациите најмногу се забележуваат според тоа како се изговаарат имињата на познатите фудбалери. Тие се разликуваат од една до друга држава.
Дали сакате да дознаете како Мароканците, Нигеријците, Белгијците, Германците, Корјците…ги изговараат имињата на своите фудбалери?
Новинарите на „Марка“, еден од најпознатите спортски весници во светот, на својата интернет страница направија брилијантна апликација, на која можете да ги слушнете новинарите од секоја земја како ги изговараат имињата и презимињата на своите фудбалери.
Дали знаете дека ѕвездата на Барселона, Кутињо, во Бразил е познат како Коучињо, а дека неговиот соиграч од националниот тим не е Фред, туку Фреѓ.
Дали навистина Хамес Родригез го добил своето име по Џејмс Бонд, дали се работи за Хавиер Масчерано или Кевин Де Брејне, дознајте на овој ЛИНК.