Top Sport

Трагедија во семејството на славниот скијач, почина неговата најмлада ќерка

Голема семејна трагедија му се случи на познатиот скијач, Боде Милер. Неговата 19-месечна ќерка починала откако се удавила во базен.

Семејството Милер било на забава кај нивниот сосед каде се случила трагедијата. Не е познато како 19-месечната Емелин Грир завршила во базенот.

„Сите сме скршени. Нашето девојче, Еми, вчера почина. Никогаш во милион години не помисливме дека ќе почувствуваме таква болка. Нејзината љубов и нејзниот дух никогаш нема да бидат заборавени. Нашето семејство бара да му биде испочитувана приватноста во овие тешки денови“, напишал Милер на Инстраграм.

Емелин била најмлада од четирите деца што Милер ги имал со три различни жени.

Scroll to Top