Хавиер Масчерано ја заврши репрезентативната кариера. Искусниот фудбалер ова го објави по поразот на Аргентина од Франција (3:4) во осмина-финалето на Светското првенство во Русија.
Натпреварот во Казањ и поразот од Франција сигурно е последен во националниот тим за неколкумина Аргентинци, а првиот кој кажа збогум е Масчерано.
„Оваа приказна заврши. Дадовме се за да дојдеме во финалето, во иднина ќе бидам само навивач на Аргентина.Се надевам дека овие деца, во иднина, ќе успеат нешто да направат“, рекол поранешниот играч на Барселона.
Веројатно е дека примерот на Мачерано ќе го следат Ди Марија и Меси, а сигурно е дека селекторот Хорхе Сампаоли ќе добие отказ.