Top Sport

Машина за пари: Меси за една година на ПСЖ му донел приход од 700 милиони евра

Изминатото лето шокантно одекна веста дека Лионел Меси (35), најдобриот играч и стрелец во историјата на Барселона, го напушта клубот чиј симбол беше 21 година, а потоа стана играч на ПСЖ. Шокот набрзо беше заменет со разочарување бидејќи Меси играше лошо во првата сезона во новиот клуб.

Тој постигна 11 гола и имаше 15 асистенции во една од Лига 1, но тоа и не е некој сензационален ефект за еден од најдобрите фудбалери во историјата.

ПСЖ и со Меси не успеа да направи пробив во Лигата на шампионите, а јасно е дека го го чини ПСЖ екстремно многу. „Светците“ му дадоа тригодишен договор со загарантирана плата од 30 милиони евра годишно и бонус од 10 милиони евра доколку остане во клубот и последната сезона. Значи, 110 милиони евра без премии и бонуси.

Сепак, претседателот на ПСЖ, Насер ал Хелаифи, тврди дека Меси донел огромна заработка за клубот од рекордни 700 милиони евра.

„Доаѓањето на Лео ни донесе десет нови спонзорски договори. Тоа не е единствениот бонус што ни го обезбеди“, изјави претседателот на ПСЖ.

Dior, Gorillas, Crypto.com, Autohero, GOAT, Smart Good Things, Infinity Sports Water, Geekvape, PlayBetR, Volt и Big Cola, потпишаа за ПСЖ веднаш откако Меси стави потпис на договорот со ПСЖ.

Scroll to Top