Најлошиот старт во Премиер лигата ги разниша позициите на Оле Гунар Солскјер во Манчестер Јунајтед. Норвежанецот веројатно има уште неколку натпревари да ја врати довербата, во спротивно ќе добие отказ.
Со судбината на Солскјер се занимаваат италијанските медиуми. „Тутоспорт“ пишува дека доколку Норвежанецот добие отказ него на клупата ќе го замени Масимилијано Алегри.
Поранешниот тренер на Јувентус го раскина договорот со клубот по завршувањето на минатата сезона, откако не успеа да направи значаен резултат во Лигата на шампионите. Јувентус го донесоа Маурицио Сари, а Алегри не се брза да најде работа бидејќи се уште се наоѓа на платниот список во Јувентус.
Истиот извор пишува дека покрај Алегри, кандидат за тренер на Манчестер Јунајтед е Лоран Блан кој е без работа од 2016 година кога замина од ПСЖ.