Top Sport

Маскерано: Лесно е да се критикуваат фудбалерите за донациите

Поранешната ѕвезда на Барселона, Хавиер Маскерано не се согласува со критиките на јавноста дека фудбалерите со нивните високи плати треба да прават повеќе и да донираат во борбата против корона вирусот, иако многумина го направија токму тоа.

„Можеби повеќепати фудбалерите се лесни мети бидејќи често се зборува за нашите плати и големите трансфери. Се поставува позиција дека фудбалерите се морално обврзани да направат нешто,и тоа во моменти во кои сите треба да ја одиграат својата улога и да помогнат најмногу што можат и умеат“, вели Маскерано.

Аргентинецот, кој сега игра во домашниот клуб Естудијантес вели дека и кога има донации, тоа треба да се направи анонимно.

„Проблемот е во тоа што многумина од нас сметаат дека треба да се помогне, а не да се зборува за тоа. Тоа ми се случи и мене во минатото со неколку добротворни организации, но не гледав потреба тоа да се промовира. Такви работи треба да дојдат од срцето, не да е направи нешто само да се зборува за тоа“, додава ветеранот.

Scroll to Top