Top Sport

Дончиќ се извини и го избриша видеото во кое се навредуваа Албанците

НБА ѕвездата на Далас маверикс, Лука Дончиќ се извини и го избриша видеото во кое навивачите на Црвена звезда ги навредуваат Албанците.

Во обид да покаже како се навива во Европа, словенечкиот репрезентативец сподели видео на кое сестрата на кошаркарот Чарлс Џенкинс не може да верува како се навива во „Штарк арената“ на Звезда, меѓутоа во тие моменти навивачите на српскиот клуб ги навредуваат Албанците.

„Извинете за видео снинката, навистина не ги видов погрдните зборови. Никогаш не би споделил такво нешто“, напиша Дончиќ на Твитер, иако не е јасно како не разбрал што се пее кога словенечкиот и српскиот јазик не се толку различни, а и неговиот татко беше Србин.

Контроверзното видео е тука.

 

Scroll to Top