Поранешниот фудбалер на Барселона, Хавиер Маскерано, објави крај на кариерата. 36-годишникот минатата сезона ја мина во Естудијантес.
„Сакам да соопштам дека решв да ставам крај на професионалната кариера. Би сакал да им се заблагодарам на Естудијантес што ми овозможија кариерата да ја завршам во Аргентина“, истакнал Маскерано.
Маскерано во кариерата настапувал за Ривер Плата, Коринтијанс, Вест Хем, Ливерпул, Барселона, Хебеи и Естудијантес. Најголема трага оставил во Барселона за која одиграл 334 натпревари. Со Барселона два пати бил европски првак, пет пати бил првак на Шпанија, а има и по две титутли во Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.
Со репрезентацијата на Аргентина, во 2014 година играше во финалето на Светското првенство.
? Javier @Mascherano "Quiero anunciar que hoy me retiro del fútbol profesionalmente, quiero agradecer a este club que me dio la oportunidad que de terminar mi carrera en Argentina" pic.twitter.com/UDU3WHwRb4
— Estudiantes de La Plata (@EdelpOficial) November 15, 2020