Top Sport

Маскерано започнува тренерска кариера

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Барселона, Хавиер Маскерано, ќе започне тренерска кариера. Доцна синоќа, 37-годишникот бил назначен за нов селектор на младата репрезентација на Аргентина.

Маскерано на функцијата ќе стапи во јануари наредната година. Маскерано репрезентацијата ја презема од Фернадо Батиста, кој му се приклучи на Хосе Пекерман во стручниот штаб, во репрезентацијата на Венецуела.

Маскерано кариерата ја заврши во 2020 година.

Scroll to Top