Во февруари 2006 година пред мечот помеѓу Челси и Ливерпул на „Стемфорд бриџ“ се случи еден од најпрепознатливите моменти во ривалството меѓу двата тима, кога едно мало момче, кое беше маскота на Челси успеа да го „зезне“ Стивен Џерард пред мечот.
Сега, 20-годишниот Џек Никлс, кој имал само пет години кога успеа да го измами капитенот на Ливерпул, и самиот стана фудбалер, потпишувајќи за нисколигашот Билерикеј таун. Но, моментот уште го „прогонува“.
„Секако, секоја година слушам за тоа. Искрено, не се сеќавам многу на тоа, но знам дека татко ми ме наговори и кога го видов Џерард играв инстинктивно. Кога играат Челси-Ливерпул, секогаш се појавува тоа видео, но бидејќи изгледам многу различно сега, никој не знаеше дека тоа сум јас. Сепак, моите пријатели оваа година ме тагираа на Твитер и тогаш сите сфатија дека се работи за мене“, вели Никлс.