На подготвките во Анталија, во хотелот „Ројал Сегинус“, престојувале фудбалери од Украина (Минаж) и Русија (Шинјик). Епилог на ваква неодговорност на вработениете е масовна тепачка која се случила во хотелот. Четворица руски фудбалери се здобиле со полесни повреди.
Турските медиуми објавија дека конфликтот го започнале некои членови на клубот од Украина.
„База Телеграм“, објави дека некои членови на Минаж му пришле на тренерот на рускиот клуб и побарале од него да ја пее националната химна на Украина. Тој се навредил и ги повикал да излезат на улица и да ја решат работата со зборовите: „Да го решиме овој проблем засекогаш“.
После тоа дошло до општа тепачка во која биле вклучени и вработените во овој хотел, кои се обидувале да ја смират ситуацијата. Откако ситуацијата се смирила избила нова тепачка, во еден од лифтовите, кога се сретнале играчи на два клуба, а членовите на Минаж биле во поголем број и претепале некои фудбалери на Шиник.
Меѓутоа, кога лифтот стигнал до приземјето, пред него имало други играчи на рускиот клуб кои виделе што се случило и сконлае да ги одбранат соиграчите.
Вработените во хотелот повикале полиција и брза помош која набрзо пристигнала и ја смирила ситуацијата. Исто така, неколку полицајци биле распоредени постојано да престојуваат во хотелот и да ја следат ситуацијата за да спречат нова тепачка.
Се уште е нејасно како хотелот си дозволил во ист момент да престојуваат фудбалски клубови од Русија и Украина,
Објаснувањето е дека тоа се случило поради земјотресот што ја погоди Турција минатата недела и дека случајно овие клубови завршиле во истиот хотел.