Top Sport

Мата го продолжи договорот со Манчестер јунајтед

Шпанскиот фудбалер, Хуан Мата, го продолжи договорот со Манчестер јунајтед. Мата на „Олд Трафорд“ ќе остане до јуни 2022 година.

„Иако минатата сезона одигра само 18 натпревари, придонесот на Мата за нашиот тим беше голем. Влијанието што го има некогашниот светски првак врз младиот тим на Солскјер е немерливо. Шпанскиот фудбалер има голема поддршка од нашиот менаџер“, строи во соопштението што го објави Манчестер јунајтед.

Хуан Мата (33), во Манчестер јунајтед пристигна од Челси во 2014 година. За „црвените ѓаволи“ одиграл 273 натпревари, постигнал 51 гол.

Scroll to Top