Хуан Мата со гол во 78. минута ги „спаси“ Манчестер јунајтед и донесе 1:1 реми против мексиканскиот гигант Америка за старт на пред-сезоната во Феникс, Аризона.
Хенри Мартин со одличен гол со глава во 59. минута донесе водство на Америка, пред Мата по одличната акција на младиот Тахит Чонг да донесе израмнување во 78. минута.
„Ѓаволите“, кои втора година едноподруго се во САД за подготовките за новата сезона, беа без повеќе стандардни фудбалери – Ромелу Лукаку, Џеси Лингард, Маркус Рашфорд, Давид де Хеа, Немања Матиќ, Фред, Пол Погба, како и Алексис Санчез, кој имал проблеми со американската виза.