Top Sport

Клоп: За цената на Алисон зборуваат само тие кои не се за Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека 65-те милиони фунти кои неговиот тим ги даде за голманот на Рома, Алисон Бекер се „приказна“ за само тие кои не се за неговиот клуб и нема да влијаат на игрите на Бразилецот.

Вчера, по комплетирањето на трансферот од 65 милиони фунти и потпишувањето на шестгодишниот договор, Алисон стана најскапиот голман на светот, иако Рома претходно бараа 75 и дури 90 милиони фунти.

Ова доаѓа откако Ливерпул платија 75 милиони фунти во јануари за Виргил ван Дајк од Саутемптон за да го направат најскапиот дефанзивец на светот, и Клоп сега се правда дека парите не се најважни.

„Тој е стабилна личност. Не се работи за цената која сакаме да ја платиме, туку за цената која пазарот ја побарува. Таква е ситуацијата и немам проблем со тоа. Приказната е голема за тие надвор од клубот, ние не размислуваме многу за тоа иако ни се јасни коментарите. Сега имаме уште еден прекрасен фудбалер во клубот и тоа е најважното“, вели Клоп.

Алисон може да биде последното засилување на Ливерпул ова лето, откако претходно тимо ги купи Фабињо, Наби Кеита и Џердан Шаќири, иако уште се преговара за Набил Факир од Лион.

Клоп си ги „изеде зборовите“ – лани 100 милиони беа многу пари за еден играч

Scroll to Top