Top Sport

Матеј Делач заглавен во „пеколот“ Челси

Голманот на Челси, Хрватот Матеј Делач признава дека гледа начин да си замине од „Стемфорд Бриџ“, откако помина седум години во клубот без да одигра меч од натпреварувачко значење, туку само настапуваше на пријателски натпревари.

25-годишниот Делач дојде кај „Сините“ во 2010 година, и во моментов е најдолговечниот играч на Челси, бидејќи сите други се дојдени по таа година. Сепак, тој никогаш не бил регистриран во Премиер лигата поради проблеми со работната дозвола и речиси цело време е на „позајмица“ во други тимови. Сега, тој вели дека навистина е доста.

„Да наскоро ќе дојде време да си заминам од Челси. Многумина ме прашуваат дали жалам што дојдов во Челси толку млад и зошто не отидов во помал клуб, но искрено не размислувам така. Кариерата секогаш може да биде подобра, но имам 25 години и поминав низ толку многу, работев со толку тренери и добив огромно искуство. Мојот квалитет не е проблем. Челси веруваа во мене, го продолжија договорот неколку пати, но работната дозвола не ја добив“, вели Делач.

И покрај оваа фрустирачка ситуација, Делач е благодарен на „Сините“.

„Челси имаа план за мојата кариера, но некои работи не е планираат. Кога дојдов имав 18 години и сè ми изгледаше како на филм. Не можам да го опишам тоа. Секогаш ќе се сеќавам на големината на Челси, бидејќи тие ме израснаа и ме научија на многу работи“, додава Делач.

Scroll to Top