Top Sport

Ширер се плаши од деменција поради головите со глава

Поранешниот англиски капитен, Алан Ширер стравува дека може да добие деменција поради големиот број на голови со глава кои ги постигна во својата славна кариера.

47-годишниот Англичанец е рекорден стрелец во Премиер лигата со 260 голови откако играше 18 години за Саутемптон, Блекбурн и најдолго во Њукасл. Ширер исто така постигна 30 гола во 63 настапи за англиската репрезентација. Во интервју за „Дејли мирор“, тој открива дека стравува за своето здравје.

„За секој гол со глава кој го постигнав, сигурно тренирав 1.000 пати на тренинг. Тоа дефинитивно ме става во ризична позиција. Бев на тестирање и воопшто не беше пријатно. Имам лоша меморија. Не знам дали тоа е поради тоа што не слушам што ми кажуваат другите. Кога си професионален фудбалер очекуваш да имаш проблеми по крајот на кариерата со колената, зглобовите или грбот, како што имам. Но, никогаш не помислив дека поради фудбалот можам да добијам болест на мозокот. Мора да има истражување за ова. Фудбалот е тежок спорт, брилијантен спорт, но мораме да осигураме дека не е и убиствен спорт“, вели Ширер.

Scroll to Top