Марко Матераци, во време кога нема фудбалски натпревари поради пандемијата, често е присутен во медиумите. Светскиот првак со Италија се присетил на сезоната 200/2010 кога со Интер ја освои тројната круна.
Интер е еден од ретките европски клубови кој во една сезона успеал да ја освои двојната круна во Италија и Лигата на шампионите.
Во својата изјава Матераци не заборавил да ги „боцне“ навивачите на Јувентус.
„Игравме тогаш три финални натпревари. Скудетото го освоивме пртив Сиена, Купот на Италија со победата на Рома, а во финалето во Лигата на шампионите го победивме Баерн. Не можам да поднесам пораз во финален меч, не сум таков“, рекол Матераци.
„Не сум како играчите на Јувентус, не сум навикнат да губам финални мечеви. Таа година навистина доминиравме, никој во Италија тоа нема да го повтори. Тоа е година која засекогаш ќе се панети“.