Поранешниот фудбалер на Интер и на италијанската репрезентација, Марко Матераци добро го познава Златан Ибрахимовиќ, откако беа колеги од 2006 и 2009 година и тој имаше интересна изјава околу „самобендисаноста“ на Швеѓанецот.
Во периодот во кој играа заедно, двајцата освоија три титули од Серија А и два триумфи од италијанскиот Суперкуп. Во интервју со „Евроспорт“, Матераци зборува за што ќе се сеќава на Ибрахимовиќ.
„Не зборувам со него, но имам само добри сеќавања, бидејќи тој помогна да освојам титули. Тој се гледа како Бог, но во фудбалот тоа можеби е вистина. Тој е најверојатно меѓу 10-те или 15-те најдобри фудбалери на светот. Можам да замислам каков фудбалски Бог ќе станеше ако освоеше титула од Лига на шампионите, Светско првенство или Златна топка“, вели 45-годишниот Матераци.
Покрај тоа што едно време беа соиграчи, Матераци и Ибрахимовиќ имаа и остри дуели на теренот, од кој најпознат е „кунг-фу“ ударот кој го доби Италијанецот додека Златан играше за Милан.
Don’t mess with Zlatan ?
When #materazzi met #zlatan ??☠️☠️ pic.twitter.com/LZgnOUz9Tf— abrakca ?? (@abrakca) May 31, 2018