Top Sport

Матеус пак му се „пушти“ на Гвардиола

Легендата на Баерн Минхен, Лотар Матеус повторно го критикуваше Пеп Гвардиола, споредувајќи го изборот на тренерот на Борусија Дортмунд, Лусиен Фавр со изборите на Гвардиола со Манчестер сити.

Дортмунд завршија 13 поени зад Баерн во Бундеслигата минатата сезона, а клучен беше 1:0 поразот дома од Баварците. Фавр тогаш ги остави Џејдон Санчо и Емре Џан на клупата до полувремето и Матеус смета дека тоа било клучно за поразот.

„Без Санчо и Џан како стартер во клучен меч против Баерн не можеа да направат ништо. Тоа ме потсети на грешката на Пеп Гвардиола во Лигата на шампионите со Лион, кога го постави Кевин де Брујне на десната наместо на неговата позиција“, вели Матеус за „Билд“.

Ова е продолжување на критиките кои ги има Матеус за Гвардиола, откако пред неколку недели го нарече егоцентрик.

Матеус: Гвардиола е егоцентрик кој реди неуспех по неуспех

Scroll to Top