Top Sport

Свен-Горан Ериксон: Кулушевски е наследникот на Ибрахимовиќ

Поранешниот тренер на Рома, Лацио и Сампдорија, Свен-Горан Ериксон смета дека Дејан Кулушевски е човекот кој може да ја пополни празнината во шведската репрезентација по повлекувањето на Златан Ибрахимовиќ.

20-годишниот Кулушевски, кој претходно играше во македонските јуниорски репрезентации, потпиша за Јувентус од Аталанта во јануари, а дебитираше за шведската репрезентација во ноември 2019, пред конечно да биде стартер при 2:0 поразот од Португалија во меч од Лигата на нации.

Ериксон вели дека е потребно да тој да биде постојан во репрезентацијата да го покаже квалитетот.

„Златан Ибрахимовиќ е еден од ретките фудбалери кои Шведска ги имаше кој можеше сам да постигне гол. Во Шведска ни недостасуваат такви фудбалери, но сега имаме многу интересен млад фудбалер кој што само потпиша за Јувентус, Дејан Кулушевски. Мислам дека и тој може да направи многу сам и да биде одлучувачки фудбалер. На Шведска им се потребни такви фудбалери“, вели Ериксон.

Кулушевски предизвика контроверзи во Шведска, Златан во негова одбрана

Scroll to Top