Top Sport

Матеус: Сите знаеме кој ги прави проблемите во Баерн – тој мора да си оди!

Баерн Минхен вечерва од 21 часот е пред големо искушение – игра реванш четвртфинале со ПСЖ во Париз, откако загуби на домашен терен со 3-2.

Сето ова е во ек на судирот меѓу спортскиот директор, Хасан Салихамиџиќ и тренерот Хенси Флик.

Атмосферата во клубот е нарушена, а своето видување за ситуацијата во клубот го пренесе легендата на германскиот фудбал, Лотар Матеус.

„Тие двајца веќе нема да функционираат заедно. Некој мора да си оди и ќе си оди. Ситуацијата е непријатна, а сите ние околу клубот знаеме кој ги предизвикува проблемите“ – изјави Матеус за „Спорт 1“ и додаде:

„Прашањето е кој е поважен за Баерн, во оваа ситуација тоа е тренерот. Тој го врати на клубот неговата ДНК, под водство на Флик гледаме фудбал каков што Баерн мора да игра“

Никој од играчите на германскиот и на европскиот шампион не ја коментираше оваа тема, освен голманот Мануел Ноер.

„Битно е да се концентрираме за нашата екипа и за нашиот фудбал. Се што доаѓа освен тоатреба да го оставиме. Ни треба позитивна енергија. Ни треба малку повеќе мир околу нас“ рече капитенот на Баварците.

Scroll to Top