Великанот на Баерн Минхен, Лотар Матеус смета дека Баварците мораат да направат сè што можат да го обезбедат потписот на американскиот вундеркинд на Борусија Дортмунд, Кристијан Пулишиќ, како вистинска замена за Арјен Робен.
19-годишниот Пулишиќ беше ретка светла точка во дербито Борусија-Баерн во саботата, постојано правејќи притисок на одбраната на Баерн и создавајќи одлични шанси за Дортмунд, меѓутоа не можеше да го спречи 3:1 поразот. Матеус беше импресиониран.
PULISIC WOW ?? pic.twitter.com/c3CMdN6KYX
— Shihanh (@Shia11_) November 4, 2017
„Кога Баерн Минхен ќе почнат да бараат замена за Робен и Франк Рибери, тогаш треба да направат сè да го добијат Пулишиќ. Тој има само 19 години и е на највисоко можно ниво. Со неговата самодоверба и неговата брзина, тој ќе оствари големи работи“, вели Матеус.
И тренерот на Дортмунд, Петер Бос се согласува и покрај разочарувачките 90 минути за БВБ.
„Пулишиќ беше убедливо најдобриот играч во нашиот тим. Тој беше неверојатен“, вели Бос.
Пулишиќ, кој во септември наполни 19 години, долго време се смета за еден од најталентираните американски фудбалери во историјата, откако стана најмлад играч кој играл квалификации за СП за САД, а откако дојде во Борусија, играше само 15 натпревари во јуниорскиот состав пред зимската пауза 2015/16 да биде итно поставен во првиот тим.