Top Sport

Матиќ: Најлошиот голман во историјата на Јунајтед нека внимава на изјавите

Српскиот фудбалер Немања Матиќ му одговори на Андреа Онана, голманот на Манчестер јунајтед, кој пред првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа против Олимпик од Лион најави доминација на „црвените ѓаволи“.

При најавата за натпреварот, Онана самоуверено изјави дека Јунајтед е подобриот тим.

„Треба само да одиме таму и да покажеме кои сме. Мислам дека сме подобри од нив“, изјави голманот пред заминувањето за Лион.

Немања Матиќ, кој играше за Манчестер јунајтед од 2017 до 2022 година, остро му одговори на Камерунецот.

Треба да имаш самодоверба за да кажеш нешто такво“, рече Матиќ низ насмевка, а потоа додаде:

„Онана го кажа тоа? Кога си еден од најлошите голмани во модерната историја на Манчестер јунајтед, мора да внимаваш што зборуваш“.

Српскиот играч за врска не застана тука.

„Да го кажеа тоа Давид Де Хеа, Петер Шмајхел или Едвин ван дер Сар, можеби ќе се запрашав. Но, кога ќе дојде од некој со статистика како онаа на Онана… не би му придавал преголема важност“, вели Матиќ.

Четвртфиналниот натпревар од Лига Европа меѓу Лион и Манчестер јунајтед се игра во четврток од 21 часот.

Scroll to Top